Популарниот хрватски пејач Петар Грашо во 2022 година со Хана Хуљиќ ја добија ќерката Алба (17 јули 2022). Долго време никој ја немаше видено во јавност, како изгледа, а пејачот постојано велеше дека поради работните обврски немал време да ѝ се посвети толку колку што сака.
Но, малата Алба веќе има две години и заедно со тато си пеат песнички. Најновото видео што го објави пејачот ги освои социјалните мрежи, а во него тато и Алба заедно ја изведуваат „Ако те питају“. Малото девојче седи на пијаното и допрена до микрофонот со искрен детски глас го пее хитот на нејзиниот татко, а тој не може да ја сокрие радоста и ја поддржува со свирење и потпевнува.


