(ФОТО) Гламурозната Никол Кидман на филмскиот фестивал во Венеција

Секој ден на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција се појавува нова „ѕвезда“. По Моника Белучи, Винона Рајдер и Џена Ортега за „Beetlejuice Beetlejuice“ за Тим Бартон, Анџелина Џоли за „Mario“ од Пабло Ларејн и гламурозната Никол Кидман им позираше на фотографите.

Австралиско-американската ѕвезда е главниот протагонист во филмот „Babygirl“ на Халин Рејн. Актерката од „Eyes Wide Shut“ на Стенли Кјубрик овојпат игра заедно со Харис Дикинсон, Антонио Бандерас, Софи Вајлд, Естер Мек Грегор. Таа глуми бизнисменка која гледа како нејзината кариера и нејзиното семејство се распаѓаат по нејзината прељубничка врска со маж, кој е помлад од неа.

Никол отворено зборуваше за стравот што го чувствува поради реакцијата на јавноста од филмот. Во интервју за „Vanity Fair“, таа призна дека не била сигурна дали ќе има „храброст“ да го гледа „Babygirl“ за време на неговата премиера на филмскиот фестивал во Венеција.

„И порано снимав филмови кои се доста експонирачки, но ништо вакво – признала таа, нарекувајќи го ,Babygirl’ најекспонираниот филм во нејзината кариера.

Премиерата на филмот помина, Kидман доби 6 минутно аплаудирање од публиката, а за многумина ова е најсмелата улога досега што ја играла актерката.

Најчитани вести