Џони Дип конечно си ги средил забите

Минатата година актерот Џони Деп ги загрижи неговите фановите со изгледот, а најлошо изгледаа неговите заби. Актерот сега е фотографиран во кафуле додека бил на одмор на Бахамите, целосно опуштен и расположен.

Тој се поздравувал со обожавателите во кафулето, па дури и застанал зад шанкот и му помогнал на келнерот да му ја подготви пијачката. Деп на видеото се насмевнува неколку пати, па фановите веднаш забележаа дека 61-годишниот актер си ги поправил забите.

„Ми се чини дека неговите заби изгледаат добро“, „Забите конечно се поправени и бели“, „Дефинитивно ги средил забите. Изгледа подобро од кога било“ – се само дел од коментарите. Многу негови фанови го искажаа своето задоволство што го гледаат својот омилен актер среќен и насмеан: „Ви благодариме што ги споделивте вашите среќни моменти со нас“.

Познатиот актер отсекогаш имал проблеми со оралната хигиена, а тоа го потврдува и неговата изјава од 1995 година за магазинот „Премиера“ каде вели дека има многу расипани заби.

Тој исто така објасни дека не сака луѓе со чисто бели заби. Но, додал Деп, и покрај расипаните заби, не сакал да престане да пие црвено вино и да пуши цигари, пишува Index.hr.

Најчитани вести