Познато со која пеcна ќе биде испратен Бора Чорба во вечното почивалиште

Легендарниот рокер Бора Ѓорѓевиќ ќе биде погребан во сабота, во родниот Чачак, а се знае и со која песна ќе биде испратен во вечното почивалиште.

Како што пишува Ало, хорот на чачанската гимназија ќе ја испее познатата „Погледај дом свој, анѓеле“, песна што Бора во неколку наврати ја изведуваше со нив.

Комеморацијата на Бора Ѓорѓевиќ ќе се одржи и в сабота во Чачак, пред погребот.

„Комеморацијата ќе се одржи во Центарот за култура во Чачак, во 11 часот, приемот на сочувство е закажан во 13 часот во капелата на Градските гробишта во Чачак“, објави кабинетот на градоначалникот на Чачак.

Фронтменот на „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ по тешко боледување почина на 72 години во болница во Љубљана. Последните денови од животот ги помина во Клиничкиот болнички центар во Љубљана, каде што беше хоспитализиран по тешка пневмонија.

Најчитани вести