Уште една среќна приказна: Повторувал само „Скопје, Скопје“, Кире Поповски пронајден сам во Милос од добри луѓе

Во кафулето „Милос“ во Грција пронајден е Кире Поповски, објави членка на Фејсбук групата „Грчка инфо“. Таа ја информирала полицијата и ја објави фотографијата со цел доколку некој го познава да се пронајде неговото семејство.

Други членови од Македонија го препознаа и напишаа дека се вика Кире и е пензиониран инструктор по возење, но не познавале членови на неговата фамилија. На некои од нив дури и им држел часови пред неколку децении.

Сепак информацијата стигнала до вистинските луѓе и за неколку часа контактиран е неговиот син.

Човекот повторувал само ,,Скопје, Скопје“ немал никаков документ со него, а луѓето што го пронашле цел ден останале со него да не залута повторно, додека да му дојдат блиските.

Според последниот коментар, во кој се изразува благодарност до сите кои помогнаа, особено до членката која ја објави фотографијата, Кире е заедно со неговите.

Што повеќе да кажеме…

Секоја чест.

Најчитани вести