По пет дена поминати во орбитата екипажот на „Space X“ од мисијата „Polaris Davw“ се вратија на Земјата.
Oва беше првата приватна вселенска прошетка во историјата.
Капсулата „Драгон“ паднала во морето во близина на брегот на Флорида.
Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека мисијата претставува „голем чекор напред“ за комерцијалната вселенска индустрија.
Вчера, екипажот ја искористи сателитската мрежа SpaceX Starlink за да воспостави директна видео врска со Земјата.
Мисијата ја финансираше милијардерот Џаред Ајзекман кој леташе заедно со Скот Потит, пензиониран пилот на американските воздухопловни сили и вработените во „SpaceX“, Сара Гилис и Ана Менон. Ајзекмен и Гилис се првата непрофесионална екипа која се прошета во вселената, многу ризичен маневар кој вклучува излез од вселенско летало.
Досега ова смееја да го направат само астронаутите кои се вработени во вселенските агенции финансирани од Владата.
Милијардерот Ајзекмен говорејќи за мисијата за време на вселенската прошетка рече: „Дома сите имаме многу работи да направиме, но оттука светот изгледа како совршено место“.
Splashdown of Dragon confirmed! Welcome back to Earth, @rookisaacman, @kiddpoteet, @Gillis_SarahE, @annawmenon pic.twitter.com/nILpMQh2sR
— SpaceX (@SpaceX) September 15, 2024


