Српска пејачка била 45 дена во кома: По грешка ми констатираа смрт

Српската пејачка Даница Балабановиќ доживеала тешка сообраќајна незгода со мотор, по што по грешка ѝ констатирале смрт.

Пејачката била во кома 45 дена, а благодарение на баба ѝ, која не можела да прифати дека ја нема, успеала да преживее.

Даница за Гранд откри низ каква страшна ситуација поминала во деведесеттите, и како нејзиниот живот радикално се променил.

„Непосредно пред да тргнеме на голема турнеја со Жељко Шашиќ, еден пријател ме покани да одиме на возење со мотор. И покрај тоа што баба ми секогаш ми велеше да не се качувам на мотор, јас и тој пат не ја послушав. Имавме тешка сообраќајна незгода и ме прогласиле за мртва“, ја започна својата исповед Даница и продолжи: „Баба ми не можела да поверува дека ме нема, а кога се збогувала со мене почувствувала дека сум топла под пазувите. По три реанимации, се ‘вратив’, но 45 дена сум била во кома, со 22 скршеници“.

Тешкиот период го пребродила со помош на својата силна волја, но и најблиските кои цело време биле покрај неа.

„Со дијагноза инвалид, лекарите ми рекоа дека ако имам среќа ќе успеам да одам со помош на патерици. На 6 септември излегов од болница и со упорни вежби и Божја помош веќе пеев за Нова година“, изјави Даница Балабановиќ. Таа вели дека музиката отсекогаш била нејзината најголема љубов, иако во животот се занимавала со други работи. Таа до неодамна работеше и во Здравствениот дом, а наскоро ќе ја гледаме и во филмот „Мегдан“.

Најчитани вести