(ВИДЕО)Лејди Гага за гласините дека е маж: „Не сакав да коментирам бидејќи не се чувствував како жртва“

Американската пејачка Лејди Гага (38) се појави во втората епизода од серијата „Што е следно: иднината со Бил Гејтс“ („What’s Next: The Future with Bill Gates“), каде проговори за гласините кои го одбележаа почетокот на нејзината музичка кариера.

Она што најчесто се коментираше во врска со Лејди Гага во тој период, наспроти ескцентричниот изглед и авангардната поп музика, беше тоа дека таа е, всушност, маж. Во изјава за Си-ен-ен, во 2011 година, таа рече: „Зошто би си го губела времето испраќајќи соопштенија до медиумите, во кои би објаснила дали имам пенис или не? Тоа не им е важно на моите обожаватели, а да бидам искрена – ни мене“.

-Кога бев во своите дваесетти години, постоеја гласини дека сум маж. Го прошетав целиот свет, направив неколку концертни турнеи, промовирав студиски албуми и во секое интервју ја потенцираа оваа гласина и ме прашуваа дали имам некаков коментар. Причината поради која никогаш не искоментирав е бидејќи не се чувствував како жртва на таа лага“, изјави Гага во серијата на Бил Гејтс.

„Но, размислував за тоа. Што ако некое дете се соочува со такво нешто, а си помисли дека јас како јавна личност се срамам од тоа? Имаше уредени фотографии на Интернет и луѓето ми велеа: ‘Знаеш дека постојат гласини дека си маж? Што имаш да кажеш за тоа?’“, се присети Гага.

„Сум била во ситуации кога коригирањето гласини не било во најдобар интерес. Размислував за доброто на другите луѓе. Затоа се обидов да бидам провокативна на друг начин. Се обидов да ги користам дезинформациите“, заклучила пејачката.

извор: slobodenpecat.mk

Најчитани вести