Меланија Трамп ги споредува нејзините разголени фотографии со уметничките дела: Горда сум на нив

Поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп неодамна ја најави својата нова книга, мемоари, која ќе биде исполнета со фотографии од различни периоди од нејзиниот живот, вклучувајќи ја и долгата кариера како модел.

Неодамна на мрежите беше објавено нејзиното последно промотивно видео, а таа не штедеше зборови за да ги пофали своите фотографии, па ги спореди со делата на најголемите уметници како Микеланџело.

„Зошто гордо стојам зад мојата гола манекенска работа? Уште поважно прашање е зошто медиумите решија детално да ја истражуваат мојата прослава на човечкото тело во модното фотографија? Дали веќе не можеме да ја цениме убавината на човечкото тело“, започна Меланија.

Целиот клип е придружен со нејзиниот глас, додека прикажува фотографии од уметнички дела, како што е статуата на Давид од познатиот Микеланџело. Секако, таа не ги откри своите фотографии.

„Низ историјата мајсторите уметници ја почитувале човечката форма, предизвикувајќи длабоки емоции и восхит. Треба да ги почитуваме нашите тела и да ја прифатиме безвременската традиција на користење на уметноста како моќно средство за самоизразување“, дополни таа.

Ова е четврто видео кое Меланија Трамп го објавува на своите профили на социјалните мрежи во пресрет на претставувањето на нејзините мемоари, кои ќе бидат објавени на 1 октомври. Многу необична маркетинг стратегија за да ги натера луѓето да ја нарачаат предвреме нејзината нова книга.

Најчитани вести