Шон Диди Комбс, раперот обвинет за трговија со луѓе и секс трговија, во 2022 година летувал во Хрватска. Тој, Метју Меконахи, Вуди Харелсон, Крис Рок, Ванда Сајкс и Саша Барон Коен уживале во обиколката на хрватските острови со јахта. Додека групата ги посетила и далматинските градови, Диди, кој им се придружил малку подоцна, малку повеќе се криел во тајност, па се дознало дека е во Хрватска откако папараците случајно го фотографиле на јахтата.
Неколку дена подоцна го снимилаи Северина. Поточно, таа објави видео од ресторанот каде во исто време вечерале.
Една од колешките на Северина, снимила видео додека пејачката поминувала покрај масата на која седела познатата екипа и ги поздравила.


Пејачката помина покрај масата на која седеше познатата екипа. Инстаграм
„Здраво, здраво“, им рекла Северина, на што тие се свртеле и ја поздравиле, додека Диди ја „измерил“ од глава до пети.
Потсетуваме дека раперот беше уапсен од федералните агенти во Њујорк и обвинет за сексуално злоставување жени и нивно принудување да учествуваат во секс забави и да користат дрога користејќи закани и насилство.


