Евтина и вкусна! Подгответе зимска салата и ќе уживате во студените денови

Зимската салата е зимница што брзо се подготвува, идеална е и за буџетот бидејќи сите состојки се достапни.

Потребни ви се:

20 црвени пиперки

1 кг цвекло

1 кг моркови

2 глави лук
120 гр шеќер

5-6 лажици сол

1,5 чаши оцет
Подготовка: Измијте ја пиперката, испечете ја, излупете ја, извадете ги семките и исечете ја на коцки. Цвеклото сварете го, па излупете го и исечете го на коцки. Исчистете, сварете ги и исто така исечете го морковот на коцки. Исчистете го лукот и исечете го колку што можете поситно.

Во соодветен сад измешајте ги сечканата пиперка, цвекло, морков и лук. На добро измешаните состојки додадете ја солта, шеќерот и оцетот кои претходно сте ги свариле. Пробајте доколку е потребно, додадете повеќе сол по вкус. Добро измешајте ја оваа салата да се соединат состојките и оставете ја да отстои 24 часа. После тоа, измешајте ја салатата и истурете ја во чисти тегли.

Најчитани вести