Потребни состојки:
10 кг мали округли пиперчиња
За растворот:
2 дл оцетна киселина
6 л вода
2 дл масло
15 дкг шеќер
15 дкг сол

Подготовка: Исчистете ги пиперките, измијте ги добро, а потоа избоцкајте ги со игла.
Подгответе раствор од вода, оцетна киселина, масло, сол и шеќер во кој, кога ќе зоврие, варете ги пиперките од едната и другата страна по 2 – 3 минути. Потоа ставете ги пиперките во врели тегли и прелијте ги со растворот во кој се вареле. Наполнетите тегли покријте ги со ќебе, и оставете ги целосно да се изладат.
Откако ќе се изладат, по потреба се додава од преостанатиот раствор во кој се вареле и цврсто се затвораат со капаци, претходно натопени во алкохол.
На ист начин може да се подготват и феферони во тегла за зима.


