(ВИДЕО) Во „Волци“ Бред Пит го пцуе Клуни по „балкански“, дали српски, дали хрватски…

Актерите Бред Пит и Џорџ Клуни ги играат главните улоги во новиот филм „Волци“, а Пит во една сцена употреби позната пцовка од Балканот.

За време на напнатата сцена од свадбениот танц, Клуни и Пит си вперуваат пиштоли еден кон друг, а на крајот се слуша како Пит вели „Пи** ма**“.

Во истата сцена, непосредно пред тоа се појавува хрватскиот актер Златко Буриќ, кој глуми руски мафијаш и и на двајцата им вели да се смират.

Во американската акциона комедија, Бред Пит и Џорџ Клуни играат криминалци кои вообичаено работат сами, но сега мора да ги здружат силите.

Филмот беше премиерно прикажан на 81. Филмски фестивал во Венеција, во септември годинава, надвор од конкуренција. Имаше ограничено издание во кината во САД, а потоа и на стриминг преку Apple TV+.

Најчитани вести