Британскиот принц Вилијам имал афера, на љубовницата ѝ купувал скапи подароци

Странските медиуми тврдат дека во 2023 година британскиот принц Вилијам Денот на вљубените 2023 година го поминал со Сара Роуз Ханбери, маркиза од Чолмондели. Двајцата отишле на романтична вечера во скап италијански ресторан во Лондон, а принцот наводно ѝ купил бисерно ланче.

Во првите шест месеци од оваа година, сопругата на Вилијам, принцезата Кејт Мидлтон (42) беше надвор од очите на јавноста, а на крајот на март откри дека боледувала од рак. Многумина веруваат дека палатата инсистирала да ја открие веста за сериозната дијагноза преку видео порака, бидејќи виделе дека нејзиното непојавување во јавноста предизвикало бројни коментари.

Се шпекулираше дека принцезата од Велс умира, но и дека Вилијам ја изневерил и дека нивниот брак е во криза.

Иако за нивната афера се зборува од 2019 година, маркизата од Чолмондели веројатно не очекувала таков медиумски напад, па одлучила да реагира. Преку нејзините адвокати таа порачала дека приказните се целосно невистинити, а интимните односи со Вилијам ги негирала само неколку дена пред Кејт да го објави видеото во кое раскажува за тешката дијагноза и превентивната хемотерапија.

Иако Хенбари со своето појавување во медиумите јасно стави до знаење дека не сака да влезе во љубовен триаголник со Вилијам и Кејт, сепак, деновиве поединци се сетија што правел принцот Вилијам кога студирал на Универзитетот Св. Ендрјус во Шкотска. Тогаш користел псевдоним, бидејќи не сакал да привлече внимание на себе. Реално, сите во колеџот знаеле дека тој еден ден ќе седне на тронот и ќе владее, но Вилијам сепак сакал да користи друго име наместо Вилијам и го избрал псевдонимот Стив.

Кога почнал да излегува со Кејт, која ја запознал на факултет, бил уште повнимателен кон папараците и во криењето. Кога преноќувале во хотели користеле лажни имиња.

– Одвреме-навреме се пријавуваа во хотелите, користејќи ги имињата господин и г-ѓа Смит – што несомнено никого не измами – тврди писателот Роберт Џобсон, автор на книгата за принцезата Кејт со наслов „Кетрин, принцезата од Велс“. Злобниците кои веруваат во приказните дека принцот ја изневерува Кејт, веруваат дека Вилијам, по примерот на претходните лажни претставувања во хотелите, би можел да користи слична тактика и сега.

Најчитани вести