Креативниот директор на „Гранд“ продукција, Саша Поповиќ, итно е примен во Клиничко-болничкиот центар во Белград.
Во последниве месеци овој естраден маг се соочува со сериозни здравствени проблеми. Саша е во апартман во Клиничката болница Звездара и не се чувствува добро. Тој е под постојан надзор на лекарите и е во лоша состојба, не може да биде пуштен на домашно лекување – изјавил кратко извор за Информер, не сакајќи да даде повеќе информации.
За првпат по 20 години, Саша Поповиќ не се појави на снимањето на емисиите од новата сезона на шоути „Ѕвездите на Гранд“.


