Одобрен првиот летечки автомобил: Еве колку треба да платите за моделот „Либерти“

Холандската компанија Pal-V официјално доби одобрение првиот летачки автомобил во светот, моделот „Liberty“. Либерти е единствена комбинација на трицикл и жирокоптер, што му овозможува да се движи и по копно и низ воздухот.

Кога се користи на пат, крилата за летање се собираат, а возилото може да достигне брзина до 160 km/h. Во воздухот, Либерти користи мотор од 200 коњски сили и достигнува брзина од 50 до 180 km/h, со максимален домет од 80 километри.

Либерти е дизајниран како возило за оние кои сакаат слобода на движење и на земја и во воздух. Моделот доаѓа во две варијанти – „Sport Edition“ по цена од 299.000 евра и полуксузната „Pioneer Edition“ за 499.000 евра, од која ќе има само 90 примероци.

Иако ова возило е иновативно и претставува пресвртница во автомобилската индустрија, за него е потребна пилотска дозвола, како и соодветен простор за полетување и слетување – најмалку 90 метри долг и 20 метри широк.

Најчитани вести