Kупил автомобил што го затрупале поплавите во Босна, а потоа го средил, резултатот е воодушевувачки

Еден корисник на TikTok се одлучил за необична инвестиција, а судејќи според неговите претходни видеа на неговиот профил, ова не му е прв пат.

Сепак, последното видео се издвојува по бројот на прегледи, а самата реставрација и нејзиниот конечен резултат откриваат зошто е тоа така, пишува Тузлански.ба.

Имено, корисникот „TeresaJ450“, кого го следат 1,7 милиони корисници, решил да инвестира во автомобил Mitsubishi кој „настрадал“ во поплавите.

Како што можете да видите, автомобилот бил целосно покриен со кал, а внатре има многу земја.

Тој користи дупчалка за бетон, мистрија и лопата за чистење на земјата, а на крајот, по завршувањето на сите потребни зафати, автомобилот изгледа совршено.

Додека некои од корисниците се воодушевени, други се прашуваат зошто троши време на реставрација на ова возило.

„Мислам дека е подобро да се купи нов автомобил“, „Не вреди да се мачиш“, се само дел од коментарите.

@teresaj450 #detailing #satisfying #cleaning #fyp ♬ original sound – Teresa

Видеото собра над 10 милиони прегледи.

Најчитани вести