Oва не го направил шест години: Дали принцот Вилијам му подаде рака за помирување на братот Хари?!

Принцот Вилијам му подаде рака за помирување на својот брат, принцот Хари, со тоа што јавно го именуваше за прв пат по шест години.

Во новиот документарен филм „Принцот Вилијам: Можеме да ставиме крај на бездомништвото“, Вилијам раскажува како принцезата Дијана кога биле деца ги однела браќата во засолниште за бездомници во Лондон за да ја видат реалноста на животот надвор од палатата.

Филмот вклучува досега невидени фотографии од Вилијам и Дијана во Вестминстер, а во една од нив младиот принц студиозно игра шах со бездомник во засолниште. Во друга фотографија пак, направена во декември истата година, младиот Вилијам во костум и чизми стои до неговата мајка во засолниште, со полни раце подароци.

„Мајка ми ме однесе таму, всушност, таа ме зеде мене и Хари. Таму запознаваш луѓе кои ти откриваат поинаква перспектива“, вели принцот.

Принцот открива дека желбата да се стави крај на бездомништвото е поттикната од сеќавањата на неговата мајка.

До овој филм, кој беше снимен во јуни минатата година, Вилијам го немаше изговорено името на својот брат во јавен говор или интервју од 2018 година, пишува Dailymail.

Во документарецот гледаме и фотографии од браќата од нивното детство.

Најчитани вести