Смрдливките напаѓаат од сите страни, еве како да се заштитите

Иако смрдливките не се опасни, сепак се досадни и без разлика дали паѓа од таванот или лази некаде во ваша близина го остава нејзниот непријатен мирис. Деновиве ги има многу, постојано ги наоѓаме во нашите домови и не нервираат. Што да се направи?

Смрдливката не смрди постојано, но кога ќе го се почувствува загрозено или ќе ја згмечите таа се брани со нејзиниот мирис. Тој остар мирис е дел од нивната одбрана од предатори, како што се птиците и луѓето. Смрдливата хемикалија доаѓа од жлезда во нивниот стомак, а некои видови смрдливки можат да ја остават таа состојка и по неколку сантиметри.

Како можете да си помогнете и да ги држите подалеку од вашиот дом? Jutarnji.hr открива 4 корисни начини.

-Поставете заштитни мрежи против комарци на прозорците и на вратите од терасите за да ги спречите да влезат во вашиот дом

– Направете природен спреј против овие инсекти. Се што ви треба е четири лажици лук во прав и 16 лажици вода. Измешајте ги и напрскајте ги местата од каде што влегуваат. Друг начин е да издробете 4 чешниња лук во половина литар вода и да ја оставите смесата да отстои 24 часа. Потоа истурете ја водата со лукот во шише со распрскувач и испрскајте ги прозорците и вратите, како и другите места од каде што влегуваат овие инсекти. Мирисот на лукот ги одвраќа назад.

-Наместо лук, можете да користите и есенцијално масло од нане. Измешајте го ова масло со вода за мирисот да стане поинтензивен, а потоа испрскајте ги истите места како со спрејот со лук.

-Спреј со лута пиперка е многу ефикасен против овие смрдливи инсекти. За него ви се потребни 3 многу лути пиперки, 3 чешниња лук, 1 кромид и 300 мл вода со сапуница. Во водата со сапуница додадете ги сечканиот кромид и сечканата пиперка, па покријте со крпа и оставете да отстои преку ноќ. Следниот ден процедете ја смесата, па истурете ја во шише со распрскувач.

Најчитани вести