Изминативе денови на социјалните мрежи кружи видео од нив, а тоа само ги потсети останатите на прекрасната љубовна приказна што ја има овој пар.
Тој е постар од нејзе 17 години, но откако ја запознал заборавил на другите жени.

Актерот Џефри Дин Морган (58), најпознат по улогата во серијата „The Walking Dead“, ужива во љубовта со Хилари Бартон (41), која е 17 години помлада и уште од првиот момент знаел дека таа е таа.
Морган зад себе има неколку пропаднати врски, беше и оженет, но неговата најубава љубовна приказна започнала во 2009 година, на слепо.
„Штом ја видов знаев дека таа е таа“, рекол тогаш Џефри.
Хилари пак „паднала“ на неговата самодоверба, а во една прилика зборуваше и за нивната прва средба.
„Беше толку полн со самодоверба. Не бев девојка која некој треба да ја брка, туку алфа, а Џефри ми рече: ,Ти ќе ми бидеш девојка’“, рече таа.
Само неколку месеци откако ја започнале врската, се дозна дека парот го очекува своето прво дете. Тие добија син во 2010 година, а ќерка осум години подоцна. Интересно е што Џефри присуствувал на породувањата, а кога се родила неговата ќерка, тој дури и асистирал.
„Кога жената почна да се породи, акушерката се тргна на страна. А јас само ги фатив нејзините мали образи и ја извлеков за 3 секунди“, рече тој.
Sweet Loretta just popped on my phone memories. pic.twitter.com/xyf2EPvWOg
— Jeffrey Dean Morgan (@JDMorgan) September 8, 2021
Животот го продолжиле далеку од Лос Анџелес, се преселиле на фарма во близина на Њујорк каде одгледуваат стока, магариња, кучиња, кокошки, па дури и алпаки.
Разликата во години не ги спречува сè уште да се сакаат како и првиот ден, а една од последните заеднички слики кажува повеќе од илјада зборови.
ljudi ona njega i dalje isto gleda🫠🫠 pic.twitter.com/zTQcT7CGYk
— Anđela (@neironicnoo) October 27, 2024
„Таа ја држи тврдината кога сум далеку, но и кога сум таму. Мислам дека мисли дека сум добар татко и тоа е најсекси нешто кај мене за неа. Во неа има доволно љубов за сите нас, тоа е најголемиот неверојатен подарок, да се има толку многу љубов. Го сакам животот што го изградив со неа, а нејзие и допаѓа каков човек станав со неа“, изјави Џефри.


