Мeланија Трамп повторно е во центарот на вниманието откако нејзиниот сопруг Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД. Поранешната манекенка со потекло од Словенија повторно ќе стане прва дама, откако во таа улога се најде за време на мандатот на Трамп од 2016 до 2020 година.
На социјалните мрежи се прошири словенечка реклама од 1993 година во која Меланија игра улога на претседателка. Во видеото можете да ја видите како излегува од авионот и се поздравува со присутните, а потоа во придружба на обезбедувањето влегува во автомобилот и ја поправа шминката подготвувајќи се за инаугурацијата. На крајот од снимката со широка насмевка на лицето дава заклетва.
Видеото доби многу коментари од корисниците на социјалните мрежи:
„Можеби треба да се кандидира за претседател“, „Вежба уште од 1993 година“, „Убава е“ и „Можеш, Меланија“ се само дел од коментарите, а имаше и таков во кој корисниот објасни зошто не може да биде претседателка: „Треба да е родена во САД за да се кандидира за претседател“.
Оваа улога на Меланија се случила додека патувала низ Европа во деведесетите и барала работа како модел. На 24 годишна возраст, нејзино примарно место на живеење бил Париз, каде работела за модните куќи во Париз и во Милано. Во 1995 година го запознала косопственикот на Метрополитен Моделс, Паоло Замполи, кој патувал низ Европа. Замполи, пријател на нејзиниот иден сопруг Доналд Трамп го спонзорирал нејзиниот заминување во САД. Токму тој ја запознал со Трамп, кој стана претседатале на САД, двапати, а таа како негова сопруга, двапати е прва дама.


