Марфи Афиционадо, поранешен соработник на контроверзниот рапер Канје Вест, откри дека работата за него е апсолутен „кошмар“ и дека ќе преземе правни мерки против музичарот. Во новата тужба, Афиционадо тврди дека Вест упатувал антисемитски навреди кон него и открил дека раперот прекинал деловен состанок за „да има гласен секс со неговата сопруга Бјанка Ценсори во соседната соба“.
Според „Пејџ сикс“ контроверзниот 47-годишен рапер го ангажирал Афиционадо во октомври 2022 година како проект менаџер и го поканил во неговата хотелска соба на „работен состанок“ во ноември. Меѓутоа, кога пристигнал 35-годишниот, Вест му одговорил на вратата „без кошула и многу надмен“.
„Афиционадо влегол во луксузната хотелска соба, но бил изненаден кога го видел Вест со откопчани панталони, а неговата девојка Бјанка Ценсори стоела топлес со рацете едвај и ги покривала нејзините голи гради. Веднаш му било јасно дека тие се на среде секс“, стои во документите.
На соработникот му било видно непријатно, па му рекол на Вест дека ќе се врати подоцна, но раперот наводно му „наредил“ да влезе во собата, на што се согласил поради страв од „експлозивен гнев и агресија“ од шефот. Ценсори потоа се повлекла во соседната спална соба, но Вест наводно ја држел вратата отворена за да може да го погледне нејзиното голо тело. И тогаш, среде разговор со Афиционадо, тој решил нагло да го прекине нивниот состанок и се втурнал во собата на Бјанка, „затворајќи ја вратата, но оставајќи ја само малку отворена“.
Во тужбата се наведува дека ова искуството го оставило да се чувствува „повреден и обезчовечен“. Тој, исто така, ги опишал неговите наводни „антисемитски изјави и заговори“, за кои тврдел дека се „секојдневна појава“.
Извор – Слободен печат


