(ВИДЕО)Јелена Карлеуша промовира свој ПАРФЕМ, фановите воодушевени

Српската пејачка Јелена Карлеуша лансираше козметичка линија.

„Нешто на што работам долго време и на што сум горда“, го опиша овој потфат Карлеуша. Засега Јелена лансира два производа – Ja JK, унисекс парфем и мирисен спреј за тело и коса со исто име.

Таа ја претстави својата козметичка линија во белградскиот трговски центар Галерија, а ТикТок е преплавен со видеа од презентацијата. Очигледно е дека многумина сакаа да ги пробаат производите на Јелена бидејќи на промоцијата на овие производи во центарот имаше гужва. Парфемот привлече поголемо внимание, па многумина изјавија дека веќе го набавиле, а други најавија дека планираат да го купат.

„Убаво мириса, купив“, „Топ“, „Ќе го купам без да го пробам“, „Дали ќе може да се купи на друго место? Во Германија или барем во Хрватска или онлајн?“, „Едвај чекам да го купам“, „Нешто неописливо добро“.

Ja JK е унисекс ориентално-цветен мирис за жени и мажи. Горната нота е цвет од портокал, средната нота е јасмин, додека основните ноти се ванила и килибар. На веб-страницата на продавниците на Лили, таа е опишана како „идеален избор за силни жени и мажи кои бараат елеганција“.

Најчитани вести