Медиуми: Министрите во јужнокорејската влада се подготвуваат да поднесат колективна оставка

Министрите во јужнокорејската Влада се подготвуваат да поднесат колективна оставка, јави јужнокорејскиот весник „Чосун Илбо“.

Информацијата доаѓа откако јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јеол вчера воведе воена состојба, па ја укина откако парламентот гласаше против декретот.

Јун соопшти дека воведува воена состојба за да се спротивстави на „антидржавните сили“ меѓу неговите противници.

Ова е најголемата политичка криза во Јужна Кореја во последните неколку децении. 

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести