Белгиските земјоделци ги затворија границите со Германија и Франција во знак на протест против договорот на ЕУ со земјите од Меркосур

 Белгиските земјоделци денеска организираат уште еден 24-часовен протест против склучувањето на трговскиот договор меѓу ЕУ и земјите од Меркосур (Бразил, Аргентина, Уругвај, Парагвај и Венецуела), објавија бриселските медиуми. Учесниците на протестот се лоцирани покрај границите со Германија и Франција, каде што ги блокираа автопатите и главните патишта.

Демонстрантите инсистираат на тоа дека таков договор не треба да се прави бидејќи тоа е неповолно за нив. Тие забележуваат дека нивните јужноамерикански колеги работат под помали барања, што ќе доведе до поевтин увоз на земјоделски стоки во ЕУ.

МИА

Најчитани вести