Министерството за одбрана на Германија и армијата нема да ја користат платформата Икс

 Министерството за одбрана на Германија соопшти дека ќе престане да ја користи платформата Икс освен во „исклучителни случаи“, како на пример да одговори на кампањи за дезинформации.

Одлуката се однесува и на германските вооружени сили.

Германското МО истакнува дека одлуката е донесена бидејќи „се потешко станува објективната размена на аргументи“.

Министерството за одбрана наместо Икс ќе ја користи платформата за пораки „ВацАп“ за да обезбеди информации за релевантни вести и одлуки донесени од министерот за одбрана. Исто така ќе ги користи и Инстаграм, ЈуTјуб и веб-страница на МО за „транспарентна и поширока комуникација“.

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести