Европа се подготвува: Се закануваат ветрови од неверојатни 200 км/ч

Во последните неколку денови, САД ги погоди поларен студ, а сега и Европа се подготвува за една од најсилните бури.

Патем, ледената воздушна маса од Канада навлезе сè до Мексиканскиот залив, Флорида и северно Мексико. Заливскиот брег исто така го погоди едно од најсилните снежни бури.

Во некои северни држави температурите паднаа до -35 степени, -10 степени се забележани во јужниот дел на Тексас, Алабама и Луизијана, а во северниот и северозападниот дел на Флорида забележани се температури дури и под нула, во областите покриени со снег. Снегот и мразот ги покрија и Њу Орлеанс, Хјустон и многу други места со суптропска клима.

Ледената воздушна маса, минувајќи преку потоплата површина на Северен Атлантик, доведе до зајакнување и формирање на моќни циклони на патот кон Европа.

Во овој момент снежна бура со урагански ветрови беснее над северниот дел на Северен Атлантик.

Велика Британија денеска ги предупреди нејзините граѓани за циклонот кој доаѓа југозападно од Ирска и ќе донесе силна бура во северозападна Европа.

Циклонот најпрво ќе ја погоди Ирска и носи ветрови со брзина од 150 км/ч, а пред западниот брег ветрови со брзина и до 200 км/ч.

Циклонот ќе донесе обилни врнежи од дожд во Ирска, снег во северните области, а можни се и поплави.

Бурата ќе го погоди и Даблин и ќе дува ветер со брзина од 140 км/ч.

По Ирска, циклонот ќе ги погоди и Велс и Шкотска, со ветрови со брзина од 160 км/ч, заедно со силен дожд и снег.

Циклонот ќе донесе силен ветер и повремени врнежи во Англија.

Со оглед на тоа дека ова е еден од најсилните циклони и бури досега на ова подрачје, издадени се највисоките предупредувања. Невремето ќе биде опасно и за човечкиот живот и за материјалните добра.

По Ирска и Британските острови, циклонот ќе се движи низ Норвешкото Море и ќе ја погоди Норвешка со силен ветер, пороен дожд и снег.

Инаку, до крајот на јануари серија силни циклони од Северен Атлантик ќе ја погодат Западна Европа, пренесува „Телеграф“.

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести