Фросина е уште една вистина што денеска плаче, вришти, во сите нас, барајки да биде препознаена

Почнува со отсуство на срам. Продолжува со отсуство на совест. Продолжува со залажување дека “во неправеден свет, може да се функционира само со неправда”. Поддржано е од огради, со молк, со калкулации. Фросина е катарза на трулите “јас” што ги трујат институциите, на мрачните “јас” што ја гледаат вината само во другите. Секој има можност да рече “ова низ мене нема да помине”. Но не секој вели. Затоа Фросина толку боли. Затоа што Фросина е уште една последица на се’ бесрамно, несовесно, премолчано, искалкулирано од што е составен системот што се проколнува. Иако систем сам по себе не постои. Системот се луѓето во него. Фросина е уште една вистина што денеска плаче, вришти, во сите нас, барајки да биде препознаена.

Мир во светлина ќерко наша, премлада, прекрасна Фросина

Фејсбук статус на Весна Коваческа Трпчевска

Најчитани вести