Со новите Програми и Уредби кои што ги донесовме за тековната 2025 година посветуваме сериозен акцент на лозарството
Денеска сме тука по повод празникот Св. Трифун, традиционално да ги закроиме лозјата и да посакаме успешна и бериќетна година. Да продолжиме да ја негуваме оваа гранка која што е важна за земјоделците и за Македонија
Денеска на сметките на над 11.000 лозари легнаа субвенциите за 2024 година. Ова е уште еден показател дека она што беше ветување во делот на редовната исплата на субвенциите ќе се случува
Ние како Министерство ќе продолжиме да работиме посветено со цел оваа гранка да ја вратиме на пиедесталот во рамките на тоа што некогаш беше.
ФБ статус на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.


