По ослободителната пресуда за Никола Груевски, враќањето на криминалниот имот на ВМРО и „Бела палата“, сега е ослободен и Драган Павловиќ Латас.
Обвинителството се откажа од обвинението против него.
Судот побарал ново супервештачење, по што износот на наводното даночно затајување бил намален.
Провидно.
Ова е уште еден јасен доказ дека Христијан Мицкоски директно управува со Обвинителството и со правосудството.
Нема правда. Има контролирано судство, алатка во рацете на Мицкоски.
А Латас му е многу важен на Мицкоски.
Над 40 отсто од медиумите во сопственост на Орбан кои работат за ВМРО во Македнија се под негова диригентската палка.
Фарми на тролови, сестрински бот-платформи од СНС, оркестрирани кампањи на социјалните мрежи. Тој е нивниот медиумски шеф за напади врз СДСМ, верз неистомислениците, во одбрана на криминалната власт.
Кога станува збор за луѓе блиски до ВМРО или до самиот Мицкоски, обвиненијата исчезнуваат, постапките се распаѓаат, а пресудите се претвораат во амнестии.
Кога, пак, станува збор за политички неистомисленици, критичари или противници на власта, тогаш Обвинителството е експресно и ревносно во спроведувањето политички прогон.
Ова е токму она што го спречува европскиот пат на Македонија.
Наместо независна институција која ја штити државата од криминал, имаме обвинителство кое работи по нарачка, да го штити режимот и неговите луѓе.
Додека Мицкоски одлучува кој ќе биде гонет, а кој ќе биде заштитен, државата не може да напредува.
Ова не е правна држава. Ова е систем во кој Мицкоски одлучува кој е над законот.
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор


