Студентите кои сакаат да студираат и бараат прекин на блокадата на факултетите вечерва се собраа во паркот пред Претседателството каде планираат да преноќат.
Во паркот се поставени шатори каде учениците ќе преноќат, а донесени се и мобилни тоалети.
Насобраните развиле голем транспарент на кој пишува: „Книги, браќа мои, книги, а не пленуми и транспаренти“, пренесува ФоНет.
Студентите кои бараат прекин на блокадата во средата ги изнесоа своите барања, од кои првото е наставата на факултетите и другите високообразовни институции да почне до 10, а најдоцна до 17 март.
Тие изнесоа и барања во врска со мораториумот на студентските кредити, намалување на условите за запишување во буџетот, зголемување на бројот на испитни рокови, поместување на почетокот на новата учебна година, зголемување на износот на студентските стипендии и кредити, продолжување на рокот за одбрана на магистерски и докторски труд, намалување на обемот на материјали, полагање на сите обврски за полагање пред испит и ревидиран план за упис на бруцоши.
Бараат основните и средните училишта веднаш да почнат со настава по сите предмети, од претседателот на Србија, премиерот и претседателот на српското Собрание бараат да направат се што е во нивна моќ за нормализирање на состојбата во образованието, а бараат и оставка од министерката за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ, пишув Нова.рс.


