Украдена „МАДОНА СО ДЕТЕ: Жената одби да ја врати сликата од 16 век

Сликата „Мадона и детето“ на италијанскиот уметник Антонио Солари е создадена во 16 век и е украдена пред повеќе од половина век од музеј во северна Италија кога и се изгубиле сите траги.

Сега е пронајдена во Велика Британија кај жена во Норфолк која одбива да го врати и покрај тоа што делото е регистрирано на полициските списоци со украдени уметнички дела.

Сликата била купена од приватна колекција во 1872 година од Градскиот музеј во италијанскиот град Белуно, каде била изложена до 1973 година, кога била украдена заедно со неколку други изложени уметнички дела, пренесува лондонски Гардијан.

Некои од сликите украдени во 1973 година од музејот во Белуно набрзо беа пронајдени во Австрија, но Мадона и детето дојдоа во сопственост на Барбара де Дож, која тврди дека нејзиниот починат сопруг, Барон од Дож, со добра намера ја купил оваа Солариева слика во 1973 година

До разводот ја чувале во нивниот дом од 16 век во Норфолк.

Во 2017 година Барбара де Дож се обидела да ја продаде сликата со посредство на регионална аукциска куќа, но Мадона со детето била забележана од некој поврзан со музејот во Белуно, од каде дошла потврда дека делото се наоѓа на листите на украдени уметнички дела на Интерпол и италијанската полиција.

Поради пандемијата на „Ковид-19“ и меѓународните блокади, италијанските власти не можеле да ги достават соодветните документи кои ги барала британската полиција, а како резултат на тоа, сликата беше вратена на Барбара де Дож во 2020 година.

Кристофер Маринело, специјалист за уметничко право, неколку пати се обиде да ја убеди г-ѓа де Дож да ја врати сликата на нејзините вистински сопственици, но таа се повика на Законот за ограничување од 1980 година, кој вели дека лицето кое купува украдена стока може да биде препознаено како законски сопственик ако купувањето не било „поврзано со кражбата“ повеќе од шест години, пишува српски Блиц.

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести