Министерот за здравство Арбен Таравари го разреши директорот на Општата болница Куманово

Министерот за здравство Арбен Таравари го разреши директорот на кумановската болница д-р Стефан Трајановски, откако Државниот санитарен и здравствен инспекторат констатираше лекарски пропуст во лечењето на триесет и двегодишниот Ведат Адеми кој почина на 16 март во кумановската болница. 

Од ДЗСИ велат дека во доставената документација до нив недостасува земена анамнеза на Адеми, по што му била дадена инфузија која содржела аналгин на кој Адеми бил алергичен. Кратко после добиениот анафилактички шок настанала и смртта кај младиот кумановец.

Од Лекарската комора на Македонија за ТВ24 велат дека засега немаат свој став за овој трагичен случај во кој веќе се констатираше лекарски пропуст, бидејќи сеуште немаат добиено официјална информација од надлежна институција. 

извор: 24.mk

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести