Уапсен раководител на Одделението за урбанизам при општина Маврово и Ростуше, барал поткуп од 13 илјади евра за проект

На ден 19.03.2025 година, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) реализираше случај на поткуп при што лишен од слобода е С.Е. – Раководител на Одделението на урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово Ростуше, јавува ТВ21.

Според наши информации, поткупот бил побаран и примен заради ветување дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети.

Поткупот бил побаран во износ од 13.000 евра и требало да се исплати во неколку рати. Лицето е лишено од слобода при исплата на парите од првата рата во УО во Скопје, откако истите биле претходно криминалистичко технички обработени“.

извор: mk.tv21.tv

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести