Кочани денеска ќе ги испрати своите синови, ќерки и сограѓани кои настрадаа во пожарот во нивните вечните почивалишта.
Во трагедијата која ја потресе целата земја во неделата рано наутро загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Погребните церемонии денеска ќе се одржат во неколку градови во државата. Според информациите од Центарот за управување со кризи, погребите ќе започнат во 11 часот во Штип, продолжуваат во 12 часот во Кочани, а во 13 часот во Облешево – информира Канал 5.
На градските гробишта во кочани денеска ќе бидат погребани триесетина загинати од пожарот во дискотеката „Пулс“.
Во видеото погледнете го целиот извештај.


