За да нема злоупотреби, ДОНИРАЈТЕ ДИРЕКТНО НА СЕМЕЈСТВАТА на повредените деца кои се лекуваат во странство, еве како!

Млади дечки од Кочани креираа страна со податоци за донирање лично на родителите на повредените деца од пожарот во дискотеката „Пулс“ кои во моментов се на лекување.

Важно е дека се вклучени и голем број волонтери од Кочани, кои ги собираат и проверуваат податоците пред воопшто да бидат објавени, бидејќи токму тие и ги знаат семејствата од Кочани.

Секој кој сака да донира и помогне директно на семејствата на настраданите од ужасната трагедија, има податоци на веб страницата www.supportkocani.com.

Да ја покажеме хуманоста на дело, сега сме им најмногу потребни❗

Најчитани вести