Најтешките случаи беа првите пациенти што ги испративме во соседните земји, вели Таравари

„Ќе дадеме максимум последиците на повредените да бидат што помали, оти се работи генерално за деца. Повеќето се на возраст од 15 до 25 години, на кои им значи надворешниот изглед“, кажа министерот за здравство

Првите пациенти што ги испративме во Белград, Софија и Солун беа најтешките случаи на повредени од пожарот што избувна во дискотеката во Кочани. Ова вечера во гостување во ТВ 21 го изјави министерот за здравство, Арбен Таравари, посочувајќи дека првите понуди за лекување дошле од соседните држави, како Србија, Грција, Бугарија, но и од Турција.

„Со тоа, ни се ослободија болнички капацитети да ги земеме тие пациенти што се хоспитализирани во болниците во Кочани и Штип. Следните денови продолживме да испраќаме пациенти на лекување во странство“,рече Таравари.

Посочи дека рехабилитацијата на повредените некаде ќе трае со недели, а некаде со месеци, но дека генерално нивното опоравување ќе биде долг процес.

„Ќе дадеме максимум последиците да бидат што помали, оти се работи генерално за деца. Повеќето се деца од 15 до 25 години, на кои им значи надворешниот изглед“,кажа тој.

Според него, впечатокот на повеќето странски доктори и експерти за изгореници кои се во земјава е дека релативно добро се менаџира состојбата во ГОБ „8 Септември“, и во болницата „Свети Наум Охридски“.

Изминатите два дена се прават проценките кои од пациетите сместени во нашите болници се за лекување надвор, а кои се останување тука.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести