Клековски: В понеделник првите враќања на пациенти кои се лекуваа во странство, го дефинираме планот за следните фази на рехабилитација

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски очекува в понеделник во државава да бидат вратени првите пациенти од пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство и инфорира дека веќе се работи на планот за следните фази на рехабилитација. Вкупната бројка на повредени во пожарот достигна околу 200, во домашните болници се 72-ца пациенти, а 111 во странските.

Тој во гостување во Тема на денот на Сител Телевизија вечерва истакна дека денеска завршувааат преносите во странските бопници. Во текот на денов биле транспортирани три пациенти во Турција, седум пациенти во Шпанија и последниот транспорт со двајца повредени ќе биде во Чешката Република.

– Заврши доаѓањето на нови повредени во македонското здравство. И со околу 70 повредени во Македонија, мислам дека можеме да се справиме тука. Се уште имаме пациенти на интензивна нега, меѓутоа сите се стабилни со позитивна прогноза. Во основа логиката на ова што го направивме изминатите денови, бидејќи не знаевме кој ќе биде обемот на трагедијата, беше што повеќе тешко повредени, критични повредени да се пренесуваат во странство. Таа одлука е донесена од Владата многу рано, веќе во утринските часови, рече Клековски.

Тој не кажа за бројот на пациенти кои се во критична состојба, но увери дека прават се што е можно да бидат добро и дека сите до еден се згрижени во најдобри можни услови според степенот на повреди. Ја нагласи и брзата реакција на надлежните.

-Одлучувавме исклучиво по критериуми, конзилијарно, директорите на неколку клиники без разлика што сместувањето беше во пет центри на почетокот – Кочани, Штип, Св Наум Охридски, 8 Септември и повеќе клиники во Клинички центар. Во неделата, за помалку од 12 часа од несреќата првите транспорти на повредени ги имавме кон Солун (Папаниколау), а потоа дојдоа транспорите кон Софија (Пирогов), Бугарија, а потоа и Турција и Србија, вели Клековски.

Повеќе на Либертас

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести