Овој антиоксиданс може да го забави појавувањето на побелена коса, покажува новото истражување

Иако појавата на побелена коса со текот на времето е нормална и природна појава, на повеќето луѓе тоа тешко им паѓа. Но, добрата вест е дека можете малку да го забавите овој процес со јадење одредена храна.

Новото истражување на Универзитетот во Нагоја во Јапонија открива дека антиоксидансот кој се наоѓа во голем број овошја, зеленчук и билки може да помогне да се забави, па дури и да се спречи појавата на побелена коса, пренесува Index.hr.

Антиоксиданс кој ја успорува појавата на побелена коса

Студијата, објавена во списанието Антиоксиданти, набљудувала глувци 16 недели додека научниците им давале лутеолин, природен флавоноид од растенија. Истражувачите откриле дека по 16 недели, глувците третирани со лутеолин имале значително помалку сиви влакна во споредба со нетретирани глувци, како и поздрави матични клетки од фоликулите на косата, пренесува Parade.

Истражувањата покажуваат дека зголемениот внес на лутеолин во исхраната може да ја забави побелената коса. Еве ги најдобрите извори на овој антиоксиданс:

Зеленчук богат со лутеолин: целер, магдонос, зелени пиперки, брокула, моркови, зелка, спанаќ, кромид.

Овошје богато со лутеолин: јаболка, портокали, лимони, бобинки (боровинки, капини, јагоди, брусница), цреши, круши, грозје.

Зачини и билки богати со лутеолин: мајчина душица, рузмарин, оригано, камилица.

Најчитани вести