Во страшната несреќа што ја потресе Македонија, животите ги загубија тројца млади спортисти – 18-годишниот голман Дамјан Танески, 25-годишниот фудбалер Андреј Лазаров и 20-годишниот кошаркар Петар Ивановски.
Дамјан Танески беше дел од младинската фудбалска репрезентација, а кариерата ја започна во штипски Мал Ајакс. Играше за младинските екипи на Вардар од Скопје, а подоцна беше член на Брегалница и на Кит Го од Пехчево. Тажната вест за неговата смрт ги потресе сите негови колеги и спортски пријатели, кои го опишаа како талентиран и посветен спортист.
Дамјан загина само една недела пред својот роденден.
Роднини и пријатели денеска тагуваат на социјалните мрежи.
„Небото има се’, ние ништо. Небото слави, ние жалиме“, пишува во една од трогателните посвети.



