Сакате да изгледате за 10 години помладо? Не треба да трошите пари на скапи третмани. Две кујнски состојки се клучни за нега на лицето, велат експертите.
Кокосовото масло и сода бикарбона помагаат да изгледате многу помладо.
Оваа смеса е чудотворен производ за нега на лицето бидејќи совршено ќе се бори против акните, ќе ја исчисти кожата, ќе ги намали брадавиците и ќе ги излечи митесерите.
Рецепт за природен пилинг:
Земете 1 лажица кокосово масло и 1 лажичка сода бикарбона. Во мал сад измешајте малку кокосово масло и сода бикарбона во мазна паста.
Нанесете ја смесата на малку влажна кожа со мали кружни движења, обрнувајќи особено внимание на областите склони кон ситни линии.
Оставете го пилингот на кожата најмалку 5 до 10 минути за сите состојки да навлезат и да ја направат својата магија.
Исплакнете го пилингот со млака вода и избришете го со мека крпа за да добиете мазна, младешка кожа.
За да ја направите кожата цврста, сјајна и да избегнете знаци на стареење, нанесувајте кокосово масло во комбинација со сода бикарбона 2-3 пати неделно.


