Поднесена кривична пријава за раководителот за урбанизам во Маврово-Ростуше кој побара поткуп

Кривична пријава е поднесена против 63 – годишниот раководител на Одделението за урбанизам во Општина Маврово-Ростуше кој побарал поткуп од 13.000 евра.  

Како што соопшти МВР, од страна на Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е поднесена кривична пријава против С.Е.(63) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „примање поткуп“ по член 357 и „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 од Кривичниот законик

– Пријавениот,  раководител на Одделение за урбанизам, комунални дејности, локален економски развој и заштита на животна средина во општина Маврово и Ростуше, побарал поткуп од 13.000 евра и ветил дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети, а требало да се исплати во неколку рати. На 19.03.2025 во угостителски објект во Скопје, тој бил фатен при исплата на парите од првата рата, откако биле претходно криминалистичко – технички обработен, наведуваат од МВР.

Исто така, бил извршен претрес на лицето и службеното возило и биле пронајдени предмети од интерес на истрагата, по што бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил притвор во траење од 30 дена.

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести