Тарифите на Трамп ќе го чинат просечното американско домаќинство 5.000 долари годишно

Новите тарифи кои претседателот на САД Доналд Трамп ги објави на т.н. „ден на ослободувањето“ се очекува да го чинат секое американско домаќинство по 5.000 долари годишно, нанесувајќи огромен удар на средната класа, вели професорот Џастин Волферс за СиЕнЕн.

Според Волферс, бидејќи бизнисите ќе ги префрлат зголемените трошоци на потрошувачите, се очекува просечните трошоци да пораснат за 6%. Ова ќе се одрази на малопродажните цени многу брзо.

„Сиромашните земји како Папуа Нова Гвинеја и Фиџи ќе претрпат штетни ефекти од „злобните“ тарифи на Трамп. Апсурдно е да се смета дека овие земји се закана за Американците. Од друга страна, развиените економии се здружија за да се одмаздат, оставајќи ги САД сами. Претседателот Трамп успеа да ги изолира Американците од глобалната економија“, вели професорот Волферс.

Најчитани вести