Трамп и се закани на Кина: Имате рок до утре или ќе воведеме царини од 50 отсто

Американскиот претседател Доналд Трамп и се закани на Кина со дополнителни царини од дури 50 отсто, откако Пекинг вчера објави нови царини од 34 отсто за американските производи. Трамп претходно воведе царини од 34 отсто за Кина.

Во својата нова објава, Трамп рече дека Кина воведе „реталијациски царини од 34 отсто, покрај веќе постоечките рекордни царини, немонетарни бариери, нелегални субвенции за компаниите и масивни долгорочни манипулации со валутата“.

Тој нагласи дека Кина го сторила тоа и покрај неговото претходно предупредување дека секоја земја што ќе воведе дополнителни царини против САД веднаш ќе се соочи со нови, значително повисоки царини.

– Доколку Кина не го повлече зголемувањето на царините од 34 отсто до утре, 8 април, што ја надминува нивната долгорочна злоупотреба на трговијата со нас, САД ќе воведат дополнителни царини за Кина во висина од 50 отсто од 9 април – напиша Трамп.

Тој додаде дека освен воведувањето нови царини, веднаш ќе ги прекине сите планирани разговори со Кина, додека преговорите со другите земји ќе започнат веднаш.

– Ви благодариме за вниманието во врска со ова прашање – заклучи Трамп.

Најчитани вести