Лековитите моќи на „чувар на куќата“, растение чија неуништлива енергија се пренесува во домот

Латинското име за ова растение во превод значи „секогаш живо“ што значи дека е неуништливо без оглед на условите во кои расте. Таму каде расте и вирее ова растение, неговата „секогаш жива“ и неуништлива енергија се пренесува во домот и домаќинството.

Грците и Римјаните го саделе заедно со други растенија за да ги заштитат од гасеници, разни инсекти и штетници, а Карло Велики (а подоцна и неговиот син Људевит Побожниот) им наредил на своите поданици меѓу 72 растенија кои биле задолжителни за садење, секогаш да има и „чувар на куќата“. Ова повеќегодишно растение високо е 10–60 см, има дебели сочни лисја наредени во розета. Исто како кактус се вади ретко, а ако е засаден во двор не треба да го наводнувате. Цвета од јули до октомври и во овој период може да се соберат лисјата за чаеви и други лековити препарати.

Свежо исцеден медицински сок

Овој сок е добар за изгореници, каснувања од инсекти, „волчји“ очи и брадавици, сончеви пеги и дамки, херпес и исеченици на кожа. Сокот помага и при воспаление на непцата, воспаление на увото и грлото.

Чај од „чувар на куќата“

Чајот го подобрува излачувањето на урината, помага при болни менструации и дизентерија. Две лажички сецкани лисја посипете ги со една чаша врела вода. Оставете ги да стојат два часа. Процедете го и пијте по 1/4 чаша, 4 пати на ден пред јадење.

Мед и „чувар на куќата“ како природен лек

– 500 грама домашен мед и 300 грама листови од „чувар на куќа“. Измелете ги листовите и полејте ги со медот. Оставете да стојат неколку дена. Земајте секој ден по една лажичка на празен стомак и потоа два часа не јадете ништо. Во зима, заради намалена физичка активност доаѓа до зголемено задржување на штетни материи во организмот. Мешавината со мед го забрзува метаболизмот и го чисти организмот од токсините. Исто така се користи кај проблеми со срцето, а докажано влијае и на проблеми со миоми на матката и цисти на јајниците.

Најчитани вести