Затворен угостителски објект од Свети Николе немал дозвола за градба

На ден 12.04.2025 година од страна на полициски службеници од ОВР Свети Николе во соработка со претставници од ДПИ, ДТИ, ДСЗ, каки претставници на локални институции извршена е контрола на угостителски објект во Свети Николе сопственост на лицето А.К. при што биле констатирани низа неправилности: неисполнување минимално технички услови за работа, непријавени вработени, непоседување на проценка,план,правилник и елаборат за заштита од пожари, немање систем за детекција за дојава од пожари,немање план за евакуација ,немање хидранти и доволен број на ПП апарати согласно и друго.

Констатирано било и дека објектот е дивоградба односно нема градежна дозвола и се наоѓа на земјоделско земјиште.На сопственикот му е издадено решение за забрана користење на објектот.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести