Исчезнати две девојчиња, на возраст од 10 и 15 години

Полицијата трага по две малолетни девојчиња кои се пријавени за исчезнати.

Вчера во 15.20 часот во СВР Струмица, М.В. (70) пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата внука Ј.А. (10).

Ноќва пак во 01.22 часот во Полициското одделение Петровец, И.Г.(42) од село Кадино, скопско, пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата ќерка Р.Г. (15) од село Кадино.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата, велат од МВР.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести