Дурмиши: Со законско решение ќе се регулира вработувањето на сезонски работници, целта е намалување на сивата економија

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска на јавна расправа која се одржа во Собранието го образложи Законот за работно ангажирање на лица. Истиот е дел од владината стратегија за намалување на сивата економија, обезбедување социјална заштита за работниците и создавање поволни услови за легално ангажирање, особено во сезонски и повремени работни места.

 Според Дурмиши една од целите на овој закон е да се спречи иселувањето на младите како и да им се даде на македонските компании легален однос да ангажираат работници да дојдат до што е можно поголем број на работници. 

Целта е да се зајакне економијата бидејќи кога ќе биде направена легална рамка и на работниците ќе се даде можност легално да заработуваат тогаш истите тие работници по основ на примена плата, ќе исплатат даноци спрема државата, но и преку индиректините контрибутори во економијата ќе најдат начин да ја засилат личната потрошувачка, да наплати државата даноци итн.

-„Со овој закон се овозможува поедноставена постапка за работно ангажирање на лица за повремени и сезонски работи во одредени дејности, добиваме поголем број на придобивки во повеќе различни области. Овој закон е во насока  за задоволување на потребите од работна сила кај работодавачите, каде се дозволува да се ангажираат лица со старосна пензија, како и редовни студенти, без притоа тие да ги изгубат другите бенефиции, како што се корисниците на социјалната и детската заштита, евидентирани невработени лица (право на паричен надомест и не се бришат од евиденција на невработени), корисник на старосна и семејна пензија, корисник на право на социјална сигурност, статусот на редовен студент, вели Дурмиши.

Според него овој закон помага во борбата против неформалната „сива“ економија, преку формализирање на непријавената работа и е дел од стратешките определби на државата за стимулирање и поддршка на формализацијата на неформалните економски активности преку воспоставување систем на превентивни и стимулативни мерки за поддршка. 

Оваа реформа се очекува да има директно позитивно влијание врз секторите земјоделство, угостителство и домашни услуги – индустрии каде потребата од работна сила за сезонска и повремената работа се неопходни, но досега нерегулирани.

– Работното ангажирање во поедноставена постапка ќе се врши со пријава на лицето преку регистарот за евиденција на работно ангажирање на Агенцијата за вработување на Република Македонија, додека наплатата на даноците и придонесите ќе се врши преку надградба на системот за наплата на даноците и придонесите на Управата за јавни приходи, информира Дурмиши.

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести