Приведен возач од Тетово, управувал возило со брзина од 111 км на час на место каде е дозволено 50 км на час

На регионалниот пат Тетово-с.Јажинце вчера во 16.10 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Н.Л.(49) од Тетово.

Како што денеска соопштија од МВР,  тетовецот е приведен затоа што управувал патничко моторно возило „хонда“,  со тетовски регистерски таблици, со брзина од 111 км на час на место каде максимална дозволена брзина е 50 км на час.

Н.Л. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести