Серумите богати со хранливи и заштитни состојки (како што се хијалуронска киселина, растителни масла, кератин и протеини) поттикнуваат поздрав раст, ја зачувуваат должината на косата и ја штитат од надворешни оштетувања. Во исто време, тие го намалуваат виткањето и ја прават косата помека и посјајна.
Серум од алое вера и кокосово масло
Потребно:
2 лажици свеж гел од алое вера лажица екстра девствено кокосово масло по желба, 3-4 капки есенцијално масло од рузмарин.

Подготовка и употреба
Изматете го гелот од алое вера и кокосовото масло додека не добиете мазна смеса. По желба, додадете есенцијално масло. Чувајте во мал сад во фрижидер. Нанесете на влажна коса, исушена со пешкир, масирајќи од средината кон врвовите.
Зелен чај и алое вера
Потребни ви се
1/4 чаша сварен и изладен зелен чај, 2 лажици гел од алое вера, една лажичка мед
Подготовка и употреба
Мешајте ги состојките додека не добиете гел смеса и чувајте ја во фрижидер. Нанесете на влажна коса по миењето на косата – не плакнете.

Масло од авокадо и бадем
Потребно ви е 2 лажици зрело авокадо, лажица бадемово масло, 5 капки есенцијално масло од лаванда
Подготовка и употреба
Изгмечете го авокадото и измешајте го со маслото додека не се добие паста. Нанесете на влажна коса и оставете да делува 20 минути. Доколку е потребно, исплакнете со благ шампон.
Хибискус и маслиново масло
Потребно ви е 2 лажици сушени цветови од хибискус, сомелени во паста, 2 лажици маслиново масло
Подготовка и употреба Потопете ги сушените цветови од хибискус во многу малку топла вода (само за да ги покрие) и оставете ги да отстојат 10 минути за да омекнат. Потоа згмечете ги или сомелете ги во паста (можете и да ги исечкате). Измешајте ја пастата од хибискус со маслото и малку загрејте ја смесата. Нанесете на влажна коса, оставете 30 минути, а потоа исплакнете со благ шампон по потреба, пишува Курир.рс.


